Skip links

Поточиња 2023

Овозможуваме на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните.

За новиот фестивал

Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта.

Детскиот фестивал “Поточиња” им овозможува на децата преку песна да зачекорат во светот на семејството, училиштето, градинката, здравите навики, толеранцијата, природата, екологијата, бајките, сказните.

Идејно и концепциски осмислен од страна на композиторот Мирослав Пап, ,,Поточиња” стартува како прв фестивал за деца од предучилишна возраст во Македонија. Успешноста и популарноста на првите изданија на фестивалот доведоа до голем интерес кај деца од училишна возраст за учество на ,,Поточиња” и фестивалот започнува да опфаќа деца - учесници на возраст од 5 до 12 години.

Прекрасно позитивно професионално музичко искуство! Дружба со рој дечиња во сино-портокалови маички која допринесе кај моето дете во понатамошната определба и желбата за музичка наобразба. Респект за Поточиња!

Никола Перевски Пере

Никола Перевски Пере

Нокаут

11 години Универзалната сала беше домот каде што Поточиња ги реализираа своите изданија, а по нејзиното затворање од 2015 до 2019 година Поточиња своите изданија ги реализира во Македонската Опера и Балет.

Поради настанатата ситуација со коронавирусот "Поточиња 2020" се реализираше како ТВ издание. Додека пак своето 18-то издание во 2021 година го реализираше во рамките на Скопско Лето на Школка во Градскиот парк Скопје и после подолга пауза поради состојбата со коронавирусот ја израдува многубројната публика која имаше можност бесплатно да го проследи "Поточиња 2021".

За 19 години “Поточиња” зад себе остави 279 детски песни, на фестивалот учествуваa околу 1400 деца како солисти и дел од хорот ,,Поточиња”, a фестивалските изданија ги проследиле над 100 000 посетители.

Во тек се подготовките за реализација на јубијелното 20. издание на фестивалот "Поточиња 2023". Детскиот фестивал ,,Поточиња’’ и во иднина неуморно ќе продолжи да ја развива детската музичка култура и преку забава едукативно да влијае на децата.