Информации за родителите
Детскиот фестивал “Поточиња” на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Своето прво издание го имаше во Универзалната сала во Скопје и со своите песни за кратко време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката. Секоја година редовно со своето одржување ја најавува пролетта.
Најчесто поставувани прашања
Кликнете на прашањето за да го прочитате одговорот:
Старосната граница за учество на Поточиња е од 5 до 12 години.
Подготовките за следното изднаие се во тек! Официјалниот датум ќе го знаете наскоро.
Аудициите за нови членови се одржуваат во Септември. Следете не на социјалните мрежи за повеќе информации.

Песна за мајката, за цвеќињата, за зимата и зелената пролет, за другарството и детската игра, за здрава храна. И уште безброј песнички со содржини блиски до децата, прекрасен фестивал за деца од предучилишна возраст и прекрасни песни кои се дел од животот на децата во градинка, но и дома.