Skip links

Рекоа за Поточиња

Мал дел од убавите зборови и благодарноста кои ги добиваме

Рекоа за нас

Прекрасно позитивно професионално музичко искуство. Дружба со рој дечиња во сино-портокалови маички која допринесе кај моето дете во понатамошната определба и желбата за музичка наобразба. Респект за Поточиња

Никола Перевски Пере – Нокаут

Песна за мајката, за цвеќињата, за зимата и зелената пролет, за другарството и детската игра, за здрава храна. И уште безброј песнички со содржини блиски до децата, прекрасен фестивал за деца од предучилишна возраст и прекрасни песни кои се дел од животот на децата во градинка, но и дома

Савка Ковачевска – Директор и педагог на ЈУДГ ОРЦЕ НИКОЛОВ

Детскиот фестивал Поточиња е фестивал кој долги години е присутен во детскиот свет, токму поради неговиот квалитет. Песните лесно допадливи, весели и певливи. Секако многу е важно да се напомене дека се едни од ретките фестивали кој особено внимава при избор на текстот и песните да одговараат за возраста на децата. Песните се поучни и истите можат да се користат во наставата

Емилија Арсовска – Директор на ООУ Јан Амос Коменски

Учеството во детскиот хор Поточиња пред се беше радост и задоволство за мојот син. Неколку години поминати во хорот беа непроценливо искуство за создавање музичка приказна, безброј отпеани рефрени и нови другарчиња. Спомените секогаш ме потсетуваат дека моете дете се едуцирало, почувствувало што значи сцена, настап пред публика, вежбање меморија и секако почувстувало задоволство.

Весна Гиновска Илкова – Оперски првенец солист на МОБ

За ќерка ми Веда, учеството на Поточиња беше нешто како доделување на Оскар. Не можевме да ја препознаеме тие денови. Поточиња мора да постои заради широката детска душа што сака да гори од среќа. Поточиња ја знаат шифрата за таа среќа. Нека ви е среќен јубијелот!

Венко Андоновски – Професор на Филозофски Факултет, УКИМ

Незаборавна забава и максимално уживање со најдобрите детски песни, многу танцување и дружење. Прекрасни години исполнети со радост. Музичка приказна која секое дете треба да ја почувстува, бидејќи е единствена. Јас како родител, бескрајно сум благодарна за се што Поточиња направија за мојата Лена. Поточиња ве сакаме!

Цаци – радио водител, Сити радио

Песните изведени на Поточиња се сотавени од зборови со соодветна содржинска врска, музиката оригинално ги поклопува стиховите и додека се пеат создаваат трепетни звуци од прекрсани детски гласови

Љиљана Крстевска – Директор на ЈУДГ Детска Радост, Скопје

Детскиот фестивал Поточиња со своите песни и содржини имаат значајна улога во воспитувањето и образованието кај децата од најрана возраст. Содржините на песничките остануваат врежани во колективната меморија кај децата. Пораките се едукативни, а содржините лесно прифатливи за детската возраст

Драги Змијанац – Основач и Претседател на првата детска амбасада во светот Меѓаши


Феситвалот Поточиња преку музичкиот јазик допира до секое дете, група врсници и различни возрасти, тука се родителите и воспитниот кадар од градинката, емоционалната ангажираност, радосното лице на детето потврдува дека Поточиња ја остваруваат својата мисија

Славица Благоеска – Психолог во ЈУДГ Детска Радост, Скопје


Стихот од песната и музичката композиција кога ќе му овозможат на детето не само да пее туку и да игра, тогаш е постигнато единство на две уметности. Сето тоа се гледа и се слуша во песните на Поточиња.

Билјана Лотеска – Воспитувач,  ЈУДГ Детска радост – Скопје


Преку песничките децата пеејќи, играјќи и дружејќи се учат за светот околу нив, ја развиваат љубовта кон позитивните емоции и веселото расположение

Ангела Ангеловска Усовска – Педагог, ЈУДГ Орце Николов


На второто издание на Поточиња мојата ќерка беше во публика и од почеток до крај со светнати очиња неколку пати ми рече дека сака да биде на сцената. Следната година стана дел од хорот и три години одеше пресреќна на секоја проба и со нетрпение го чекаше фестивалот. Честит јубилеј и уште долго да носите радост на нашите најмили

Сузана Тнокова Кузмановска – Професор по музичка уметност, СУГС Орце Николов


Речиси сме редовни посетители последнава деценија на Поточиња. Доста работи научивме, а и за доста работи пеевме низ годините. Само напред Поточиња до нови јубилеји, до нови насмеани детски лица.

Петар Младеновски – Пеце – Суперхикс


Треба сите да се радуваме што на подиумот и аудиториумот на МОБ, Поточиња го полнеле секое можно место идни носители на музичкиот и културниот живот во нашата држава. Многумина од нив тука за првпат се напиваат со првите сокови на имагинацијата, а дел од нив од светлата на рефлекторите и го осознаваат животот на сцената.

Мирко Стефановски – Поранешен директор на Скопско Лето


Со Поточиња мојата Александра го доживеа првиот сценски настап, првата трема пред публика и првото снимање за телевизија. Се сеќавам дека ми кажа ” Тато се чуствувам голема и важна” Уште многу години да правите, децата да се чуствуваат големи и важни. Среќен роденден Поточиња!

Томи Салковски – Филмски продуцент