Skip links

АУДИЦИЈА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА ПОТОЧИЊА: 15 – 18 СЕПТЕМВРИ 2025

Најмили другарчиња, вашата омилена детска музичка приказна ги отвора вратите за Вас😍

Детскиот фестивал Поточиња одржува Аудиција за прием на нови членови на возраст од 5 до 10 години кои ќе бидат дел од новото издание “Поточиња 2026”. На 15, 16, 17 и 18 септември во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” (населба Аеродром) во период од 18:00 до 19:00 часот повелете заедно да започнеме со пишување на новата фестивалска приказна. Потребно е да ни отпеете една омилена песна со која ќе ни се претставите и секако понесете широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е весело и безгрижно детство😀

📅15 – 18 септември 2025
⏰18:00 – 19:00 часот
📍 ООУ “Ѓорѓија Пулевски” (нас. Аеродром)
❗️ Возраст: 5 до 10 години
❓ Информации и прашања: info@potocinja.mk ; 072 210 660

Со Поточиња растеме, другаруваме и се забавуваме!

Leave a comment