Нашите Поточиња работат напорно и вредно, за да ни поклонат уште еден незаборавен фестивал. Подготовките веќе полека влегуваат во завршна фаза и се работи со полна пареа. Новото фестивалско издание ќе се одржи во Македонската филхармонија во месец април.
Наскоро со повеќе информации, следете ги нашите социјалните мрежи и нашиот вебсајт и бидете во тек со случувањата поврзани со Поточиња. Во продолжение погледнете како танцуваме, се забавуваме и се подготвуваме за “Поточиња 2025”.