Skip links

Краток осврт на Поточиња 2022

Поточиња 2022

Во големата сала на Македонска филхармонија, на 18 и 19. јуни се оддржа 19-то издание на фестивалот на детска песна „Поточиња 2022“. 

Според првите реакции на дечињата и нивните родители кои ги проследија шесте изведби, со сигурност можеме да кажеме дека и овојпат и за учесниците и за публиката ова беше прекрасно, разиграно доживување. Како и секоја година, така и оваа, многу забава, игри, песни, дружба и подароци за публиката го одбележаа омилениот фестивал на најмилите.

“Фантастично изгледаа децата на сцена, а музиката дури сега ја осетивме со сета магија која ја носи во себе!”

РОДИТЕЛ

Детскиот фестивал „Поточиња“ се издвојува во мноштво детски настани со својот концепт и содржина и дава можност децата да поминуваат квалитетно време благодарение на богатите, забавни, а истовремено едукативни и културни содржини.

Изданието изведено во 2022 е најава и увод за следното кое ќе биде јубилејно 20-то за „Поточиња“ и доаѓа за многу брзо!